Марјан Ѓорчев / фото: Канал 5

Марјан Ѓорчев ја повикува Европската унија „да ги признае своите грешки“

Поранешниот амбасадор и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Марјан Ѓорчев, вечерва во „Само вистина“ на „Канал 5“ ја повика ЕУ „да ги признае своите грешки“ и да го прифати предлогот на актуелната власт – Бугарите да се внесат во Уставот кога земјава ќе ги заврши преговорите за членство во Унијата.

„ЕУ мора да ги признае своите грешки, а тоа се нејзините сегашни елити, но тие нема да ги признаат – тоа го можеше да го признае Меркел. ЕУ сега треба да го промени ставот дека „да“ да гласаме во Парламентот и да ги внесеме Бугарите во Уставот кога ќе ги завршиме преговорите. Сега, не мора да се оди и пие кафе, но нека се изведе преку фондовите. Европа треба да го промени начинот на делување, ако може Русија да преговара со САД и Европа, требаше поинаку да се однесува“, рече Ѓорчев.

„Ние усвојуваме европски вредности половина век, а Бугарија 37 години по нас. Сега некој затоа е член на ЕУ и само заради тоа што е член државата треба да ја разобличите за да влезете и вие во неа. Треба да влеземе стабилни во ЕУ, како Исланд да кажеме дека ќе влеземе во ЕУ ако се почитува нашата идентичност, човекови права и во земјите надвор од Макеоднија и да кажеме дали ни одговара ваквото членство или не“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот