DCIM100MEDIADJI_0478.JPG

Марино доби нов парк, со фонтана и плоштад

Во населеното место Марино во општина Илинден е изграден нов урбан парк со повеќе содржини, кој се простира на површина од 6000 метри квадратни.

Од Општината информираат дека целиот простор е партерно уреден, поставено е улично осветлување, чешми, клупи, корпи за отпадоци, паркинг простор, пешачки патеки и пристапна сервисна улица. Во паркот е изведен и отворен плоштад наменет за јавни настани, фонтана, жардиниери со декоративни растенија, како и детско игралиште опремено со современи реквизити за најмладите.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, кој денеска го посети  плоштадот, истакна дека уредувањето на јавните простори е од суштинско значење за подобрување на условите за одмор и рекреација на граѓаните.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот