
Маринакис: Нема ратификација на Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација
Во никој случај нема да се ратификуваат меморандумите сè додека трае оваа ситуација, повтори портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во интервјуто за грчката телевизија „Скај“ и посочи дека Грција ќе го следи „развојот на настаните од новата Влада на Северна Македонија“.
Препорачано
Запрашан за приговорите на СИРИЗА во врска со прашањето за Северна Македонија, Маринакис рече дека „последната работа што треба да направиме е да му се извиниме на господинот Ципрас за Договорот од Преспа“.
„Доаѓа СИРИЗА и во 2024 ни вели да гласаме за се, дури и ако спротивната страна апсолутно кон ништо не се придржува. Не користи ерга омнес за името, односно како се вика земјата, наместо да вели Северна Македонија, вели Македонија, а опозицијата во земјата, која од една страна во ред е, опозиција е, но е опозиција во Грција, што вели? Како одговор на другата страна, што не се придржува до основното, да им дадеме сè. Не ја именувате земјата како што предвидува договорот? Ние ќе изгласаме сè. Го имаме изгубено едното оружје, кое е НАТО, сега да го изгубиме и второто, а тоа се преговорите за пристапниот процес во Европа на Северна Македонија, рече Маринакис и додаде дека „позицијата на СИРИЗА е несфатлива и нема никаква логика“.
„Во никој случај нема да се гласаат меморандуми за соработка со Северна Македонија, со оглед на постоечките услови“.