
Марија Шерифовиќ откри зошто доби дете преку сурогат-мајка: Неколку пати пробав да забременам…
Српската пејачка Марија Шерифовиќ доби дете со помош на сурогат-мајка. Музичката ѕвезда го оствари својот животен сон да држи бебе во своите раце.
Препорачано
Нејзиниот син се родил на почетокот на декември со помош на сурогат-мајка, а пејачката го одбрала името Марио. Доаѓањето на детето, Марија го чувала во строга тајна, а за сè биле информирани само најблиските.
Сега, Марија во интервју за „Блиц“ го открива она што јавноста никогаш не го знаела – дека со години се трудела да остане бремена и да роди бебе.
„Големата желба да имам дете ме водеше низ овој многу сложен и тежок процес. Иако во неколку наврати се обидов сама да ја носам бременоста, поради тешкотиите низ кои поминував не успеав. Така сурогат-мајчинството испадна, всушност, единствената опција за мене. Навистина не сакам јавно да ги објаснувам медицинските причини за тоа, но сурогат-мајчинството конечно беше мојот единствен избор“, вели Марија.
Пејачката објасни дека пред две години поминала низ процес на вадење на јајце клетки и потоа создавање на ембрион. После сите генетски тестови, имала три здрави ембриони. Така се родил синот Марио, во клиника во Лос Анџелес.
Марија Шерифовиќ откри што добила од претседателот Тадиќ за победата на Евровизија
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
19мин
-
49мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5