Токсикологија - табла / Фото: ''Слободен печат'' / Драган Митрески

Манолева побара од вработените на Токсикологија да предложат нов медицински директор

Заменик министерката за здравство, Маја Манолева на денешната средба со стручниот и лекарски колегиум од Универзитетската клиника за токсикологија побара да предложат нов медицински директор кој треба да ги исполнува условите согласно законот.

Претставниците од Клиниката за токсикологија, како што соопштија од Министерството за здравство, ја информирале заменичката дека ќе се состанат во најбрзо време и ќе достават предлог.

Министерот за здравство во заминување, Илир Демири на 14 мај годинава го разреши директорот на Клиниката за токсикологија доктор Данил Петровски.

-Ве информираме дека денес на 14.5.2024 година е разрешен медицинскиот директор д-р Данил Петровски кој во моментов користи годишен одмор, иако повеќето поплаки се однесуваа на економската директорка Бесија Илјази, па јавноста очекуваше минимум нејзино разрешување, стои во дел од соопштението.

Го разрешија медицинскиот директор на Токсикологија доктор Данил Петровски, а економската директорка Бесија Иљази – не

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот