Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Манчестер сити пред потпис со две засилуваања за кои ќе потроши 100 милиони евра

Манчестер Сити е на добар пат да го финализира првото летно засилување и според информациите на трансфер инсајдерот, Фабрицио Романо. Нов фудбалер на „граѓаните“ би можел да стане членот на Лион, Рајан Черки.

Договорот меѓу двата клуба треба да биде официјализиран следната недела, а трансферот се проценува на околу 30 милиони евра.

Иако има само 21 година, Черки веќе има сериозно фудбалско портфолио со 185 одиграни натпревари во дресот на Лион, при што постигна 29 голови и запиша 45 асистенции. Фудбалерот кој игра како офанзивен или крилен напаѓач долго време беше поврзуван со клубови од Премиер лигата, но сега изгледа дека трансферот конечно ќе се реализира.

Наводно, агентот на Черки веќе имал разговори со претставници на неколку клубови, но предност добил Манчестер Сити. Во тековната сезона, Черки одигра 41 натпревар во сите натпреварувања, при што постигна 12 голови и додаде 20 асистенции – бројки што го направија привлечен избор за тимот на Пеп Гвардиола.

Покрај Черки, Романо објави и дека Манчестер сити работи на уште еден голем трансфер, оној на Тијани Рејндерс, холандскиот репрезентативец и креативен играч за врска од редовите на Милан.

Рејндерс, кој оваа сезона беше прогласен за најдобар среден играч во Серија А, е проценет на 50 милиони евра според „Трансфермаркт“, а Сити би морал да плати меѓу 65 и 70 милиони евра за да го донесе на „Етихад“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот