
ВИДЕО | Манасиевски: Колку пари му барале Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми на бизнисменот?
Јавноста заслужува одговори за случајот Рекет 2, кој јавниот обвинител Љупчо Коцевски силно го штити, изјави денеска на прес-конференција членот на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
— Јавниот обвинител Коцевски и натаму во одбрана на неговите наредбодавци од СДС и од ДУИ, повеќе од година и пол не отвори ниеден случај за поранешни функционери кои се сомничат или, пак, за кои има основано сомнение дека направиле криминал — изјави Манасиевски.
Коцевски денес, додаде тој, молчи и за случајот „Рекет 2“, во кој се вплеткани поранешните обвинители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) — Катица Јанева, Лиле Стефанова и Бурим Рустеми — а според кој, рекетирале познат скопски бизнисмен.
— Граѓаните заслужуваат одговори од ЈО за тоа кој е рекетиран? За колку средства овие тројца сакале да му извршат рекет на бизнисменот и зошто? Кој временски период се случувал овој настан? Дали е вплеткан и познат скопски адвокат и како одела шемата на рекетот? Кого се друг освен овие тројца Коцевски штити? Дали има вмешаност на поранешни функционери од СДС и од ДУИ? — праша Манасиевски.
ЈО и Коцевски треба да си ги засукаат ракавите, порача тој, и да го расветлат случајот.
— Доколку продолжат да ги штитат криминалците, единствено што ќе направат е да бидат соучесници на криминалот. Правда и одговорност мора да има — истакна Манасиевски.