Слободанка Рустемова - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Слободанка Рустемова - Фото Слободен печат - Методи Здравев

МАМАВИЗИЈА | Јас знам зошто толку бргу успеавме да посвоиме дете, вели Слободанка Рустемова

Зборот мајка има длабочина и моќ колку далечината на видиковата линија. Нашата денешна гостинка во „Мамавизија“ со својата добрина и љубов ќе го потврди тоа. Овој пат ве запознаваме со мајката Слободанка Рустемова, мајка на две небиолошки деца. Слободанка и сопругот речиси две децении се бореле таа да остане бремена. Најпосле, советот на докторот бил: „Време е да погледнете на другата страна“.

Храбрата Рустемова се одлучи јавно да проговори за патот кој го поминале за да ја добијат Сара.

– Ништо не знаевме како оди процедурата. Ние мислевме дека трае со години, пет, десет, како што сме слушале. Откако помина една година од поднесувањето на документите ми се јавија за да ми кажат дека сум добила ќерка. Мене не ми се веруваше – вели таа за „Мамавизија“.

Неколку години потоа, нашата хероина, заедно со нејзиниот животен сопатник одлучиле да израдуваат уште едно детенце.

– Процесот да посвоиме второ дете не одеше глатко. Бидејќи приоритет им се дава на оние кои немаат деца. Подоцна размисливме и сфативме зошто да ускратуваме нечија среќа кога веќе ја имаме Сара. Разбравме за кампањата на СОС Детско село за згрижување на деца. Ни се допадна идејата и така го згриживме нашиот син – рече таа.

Слободанка Рустемова - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Слободанка Рустемова – Фото Слободен печат – Методи Здравев

Во шеснаесеттата епизода на „Мамавизија“ ќе ве разнежниме и ќе ве запознаеме со едно семејство што значи љубов, воедно верувам дека ќе дадеме некому крила за верба и поголема надеж дека желбите се исполнуваат кога силно ги посакуваме.
Гледајте „Мамавизија“ вечерва со почеток во 20:00 часот на јутјуб каналот на „Слободен печат“.
Водител и автор на емисијата е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот