Кристи Рајчел Магно Трајкоски -Филипинка/ фото: Слободан Ѓуриќ/ Слободен печат

МАМАВИЗИЈА | Македонските свадби се убави, но напорни, одма научив да играм оро, вели Рејчел Трајкоски

Странската снаа Кристи Рејчел Трајкоски од Филипините љубовта ја донела од Манила во Македонки Брод. Со сопругот се запознале кога и двајцата работеле на брод. Во емисијата „Мамавизија“ на „Слободен печат“ таа отворено зборува за животот на една мајка странец во Македонија, за тоа со какви предизвици се соочила и колку време ѝ требало да го научи македонскиот јазик.

Раскажува за нејзината добра свекрва и за животот во Македонски Брод, открива како се навикнала на живот од милионски град каде што живеела претходно, на живот во мало гратче со неколку илјади жители. Таа е вистинска хероина која поради љубовта го напуштила родниот крај и одлучила да живее во туѓа земја за која дотогаш не ни слушнала – Македонија. Денес Македонија за неа е дом.

Таа е мајка на две деца, Кристофер и Бјанка, кои ги родила овде, во Македонија. Рејчел Трајкоски се присетува на тоа дека втората бременост не ѝ била лесна и дека нејзината ќерка е предвремено родена, но има бројни пофални зборови за македонските лекари кои ѝ помогнале и при двете породувања.
Тоа што не го познавала јазикот на почетокот ѝ било пречка, но никогаш немала некој сериозен проблем како странец во Македонија.

Во емисијата раскажува и за тоа како се навикнала на традиционалната македонска храна и за тоа колку ѝ недостасувала азиската кујна посебно кога била бремена.
Бојан и Рејчел се венчале во Прилеп.

-Македонските свадби се многу весели, многу интересни, ама многу се напорни, посебно за невестата. Ние на Филипините не играме толку, посмирени се нашите венчавки. Јас тука за многу кратко време научив и оро да играм. Многу ми се допаѓаат тукашните обичаи и адети и за свадби и за тоа кога ќе се роди бебе – вели нашата соговорничка.

Погледнете ја новата десетта епизода на „Мамавизија“ со Кристи Рејчел Трајкоски на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.

Водител и автор на „Мамавизија“ е Александра Вуксановиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот