Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Малолетник со тротинет тешко повреден откако во него удрил малолетен мотоциклист

Дете е тешко повредено откако возејќи тротинет бил удрен од малолетен мотоциклист во струшкото село Лабуништа.

„Вчера во 18.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во с.Лабуништа, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „априлија“ без регистарски таблици, управуван од малолетник и електричен тротинет, управуван од малолетник, двајцата од с.Лабуништа. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот кој го управувал тротинетот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Струга.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот