Семејно насилство / Насилство врз жени илустрација / Фото: Lev Dolgachov / Alamy / Alamy / Profimedia

Малолетнички тепале соученичка, видеото испратено до таткото на нападнатото девојче

Татко на малолетна ќерка од скопско, во текот на вчерашниот ден, во СВР Скопје пријавил дека преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички.

– На 11.05.2024 во 10.30 часот во СВР Скопје 45-годишен маж од скопско, пријавил дека околу 01.55 преку социјална мрежа едно лице му испратило видео материјал во кој се гледало како неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички –  информира денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен.

Според пријавеното, во октомври минатата година на подрачјето на Центар, во близина на средно училиште каде учела, двете малолетнички кои учеле во тоа училиште, физички ја нападнале, додека други две малолетнички кои исто така учеле во училиштето, настанот го снимиле со мобилен телефон.

Од МВР велат се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот