Зеленски Макрон фото: EPA/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Макрон: Коалицијата на подготвените се состанува за да ги финализира безбедносните гаранции за Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека Коалицијата на подготвените се состанува за да ги финализира гаранциите за Украина.

„Лидерите се состануваат за да ги финализираат цврстите безбедносни гаранции за Украина и целата работа што е извршена во последните недели“, рече Макрон во Париз, каде што започна состанокот на Коалицијата на подготвените за помош на Украина.

По краткиот говор на Макрон, претставниците на медиумите беа замолени да заминат, објавува Гардијан.

На состанокот присуствува и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а во 14 часот е планиран и разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.

Тие ќе го повикаат американскиот претседател, пишува Фигаро, да воведе дополнителни санкции против Русија и да придонесе за идните безбедносни гаранции за Украина.

Според извештаите, европските лидери ќе ја потврдат својата подготвеност да обезбедат безбедносни гаранции за Украина, а во исто време се надеваат на американско учество.

Koalicija na ppdgotvenite foto EPA/LUDOVIC MARIN / POOL MAXPPP OUT

На самитот на Коалицијата на оние што се подготвени да ѝ помогнат на Украина ќе присуствуваат Макрон, Зеленски, финскиот претседател Александар Стаб, полскиот премиер Доналд Туск, шпанскиот премиер Педро Санчез, данската премиерка Мете Фредериксен, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Антонио Коста.

Други лидери, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер и италијанскиот премиер Џорџо Мелони, ќе се обратат преку видео врска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!