Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Макрон: Франција планира наскоро да ја признае палестинската држава

Франција планира да ја признае палестинската држава во наредните месеци и тоа би можело да го стори уште на конференцијата на Обединетите нации посветена на решавање на конфликтот меѓу Израел и Палестинците, што ќе се одржи во јуни оваа година во Њујорк, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, според АФП.

„Мораме да тргнеме кон признавање (на палестинската држава) и тоа ќе го направиме во наредните месеци. На конференцијата на ОН би можеле да го финализираме меѓусебното признавање (на палестинската држава) и неколку други држави. Ќе го сториме тоа“, рече Макрон во интервју за ТВ Франс 5.

Франција долго време се залагаше за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт, дури и по нападот врз Израел од страна на палестинските милитанти на Хамас на 7 октомври 2023 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот