Францускиот претседател Емануел Макрон/ Фото: Ludovic MARIN / AFP / Profimedia

Макрон: Безбедносните гаранции за Украина се подготвени

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека безбедносните гаранции за Украина се подготвени и дека ќе бидат потврдени утре од „коалицијата на добронамерните“, која го поддржува Киев, на состанок во Париз.

„Подготвени сме како Европејци да им понудиме безбедносни гаранции на Украина и на украинскиот народ на денот кога ќе се потпише мировниот договор“, рече Макрон,

Тој рече дека подготвителната работа за безбедносните гаранции за Украина е завршена.

Макрон го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Елисејската палата во Париз пред состанокот на лидерите на коалицијата на добронамерните.

Околу 30 лидери ќе присуствуваат на самитот за да го разгледаат напредокот во дискусиите за безбедносните гаранции за Украина, кои се сметаат за неопходен предуслов за секој иден мировен договор, според нацрт-документ што, како што се наведува  им бил доставен на учесниците.

Коалицијата на добронамерните, составена од Франција и Велика Британија, со месеци води разговори за да се обиде да дефинира планови за тоа кои земји би можеле воено да ѝ помогнат на Украина да ја одврати Русија од повторен напад откако ќе се постигне конечно прекин на огнот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!