Јани Макрадули / Фото: МИА

Макрадули: Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, има поделби

„Секогаш кога ВМРО ДПМНЕ е на власт, при тоа мислам на ДПМНЕ, а не на ВМРО (кое впрочем е симбол на сите), за жал, има поделба на општеството“, вели поранешниот пратеник и заменик-министер од редовите на СДСМ, Јани Макрадули.

„Иако мислев дека политиката на Груевски е врв на таа поделба, деновиве сме сведоци на уште пооштра поделба. Па така, и покрај “стандардните” поделби – дали се живее подобро или полошо, про или контра ЕУ, дали е повкусна охридска цреша или владина папаја, за жал, имаме поделба и околу изборите во МПЦ, и што е најстрашно – околу Кочани“, напиша тој на „Фејсбук“.

„Денес, со политиките на власта се доподели општеството околу трагедијата во Кочани, за која мислев сите сме обединети во тагата, грижата и емпатијата да се помогне. Замислете, има граѓани на Македонија кои ги напаѓаат родителите што го загубиле најмилото. Па, зарем има минимум човечност во тоа? Време е власта да сфати дека Кочани бара помош, а не поделби. Бара разбирање, а не рамнодушност. Да се покаже човечност, а не да се зголемува болката која и веќе е премногу голема за носење. Ретките медиуми укажуваа токму на ова – опасноста од погрешната политика на централната власт во однос на Кочани. Но, Тешките муабети власта не ги чу, и затоа, сега, како бумеранг им се враќаат. И на крај, лажните тези не менуваат факти, и евентуална победа на ВМРО ДПМНЕ во некоја општина, и покрај очигледното неспроведување на проекти и отсуството на резултати, не само што нема никаква врска со Кочани, туку само зборува за авторитарниот и антиемпатичниот дух на власта“, вели Макрадули во објавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот