Пошумување на планината Буковиќ / Фото: МЕД

Македонското еколошко друштво ја пошумува планината Буковиќ, важен коридор за балканскиот рис

Македонското еколошко друштво, во соработка со Јавното претпријатие „Национални шуми“ започна со пошумување на пределот Буковиќ, важен природен екосистем и клучен биокоридор за балканскиот рис.

Ќе се засадат 21.000 садници од видот бука, кој според експертската проценка е најсоодветен за ова подрачје, како автохтон за пределот и како најзастапен, заради што и регионот го носи името Буковиќ.

„По скоро две години од отпочнувањето на проектот, после многу истражувања и анализи на терен, конечно успеавме да ги започнеме активностите за обнова на Буковиќ, кој е исклучително важен биокоридор за крупните ѕверови. Горда сум што првпат, заедно со шумарскиот сектор, работиме за иста цел, а тоа е заштита на живеалиште, кое е дом на критично загрозениот балкански рис и кој овозможува движење и опстанок на оваа ретка дива мачка и придонесуваме кон одржливост на шумските екосистеми“, вели Сара Крстевска, проектна асистентка во Македонското еколошко друштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот