
Македонските власти им служат на интересите на Белград, земјата се откажува од ЕУ, вели поранешниот бугарски амбасадор Јорданов
Поранешниот бугарски амбасадор во Македонија и поранешен европратеник Александар Јорданов во интервју за бугарската редакција на „Еуроњуз“ изјави дека Македонија не ги исполнува своите обврски за членство во Европската Унија и го блокира нејзиниот европски пат.
Препорачано
„Јас лично го познавам премиерот Христијан Мицкоски, тој постојано се издига до врвот на ароганцијата. Вреди да се потсетиме на зборовите на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, дека влезот во ЕУ зависи само од заслугите на кандидатите“, рече Јорданов во интервјуто.
Според него, главниот елемент во „францускиот предлог“ е вклучувањето на Бугарите во македонскиот Устав, услов кој, како што вели, е добро познат и не треба да се занемарува.
„Проблемот е што дел од македонските политички елити им служат на интересите на Белград. Затоа се создаваат вештачки пречки за да се создаде впечаток дека надворешен фактор како Бугарија ја запира Македонија“, вели Јорданов.