фото: facebook.com/TriathlonMKD

Македонските триатлонци блескаа на меѓународните трки Триатлон Љубљана и Сребрено Езеро

Уште еден викенд полн со медали и гордост за македонскиот триатлон, објави македонската триатлон федерација. Нашите натпреварувачи блескаа на две силни меѓународни трки – Триатлон Љубљана во Словенија и Сребрено Езеро во Србија, покажувајќи посветеност и одлична форма.

На Триатлон Љубљана Андреј Лозаноски (Триоги рејсинг) го освои второто место, додека Калина Ѓорѓијека (Триоги рејсинг) и Даријан Калеников (Триоги рејсинг) беа третопласирани. Резултати ТУКА

На Сребрено Езеро Јован Кутаноски (3 дисциплини) ја освои првата позиција кај пионерите, потоа Софија Кутаноска (3 дисциплини) се најде на третата позиција (пионерки).

Во конкуренција на млади кадети третопласиран е Марко Шаврески (3 дисциплини), а третопласирана е и Тија Кукушеноска (3 дисциплини) кај кадетките.

Прво место во возрасна група, и петто место во елитна категорија освои Никола Кутаноски (3 дисциплини). Резултати ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот