Македонските танчери СВЕТСКИ ШАМПИОНИ во Латино Шоу

Танчерите од „Eat The Beat“ од Скопје, остварија неверојатен резултат на Светското Првенство во Латино и Синхро кое се одржа во Сараево, БиХ. По пауза од една година, тие повторно ја освоија титулата Светски Шампиони во детска категорија.

Покрај титулата светски шампиони во Латино Шоу категорија деца, тие освоија уште две значителни награди:трето место, бронзен медал во Синхро Денс, детска категорија и четврто место, во Латино Шоy, возрасна категорија – најмасовната и најсилна конкуренција во оваа танц дисциплина.

Тие се членови на Македонската Асоцијација за Модерни Танци која реди успеси на светското првенство. Покрај Eat the Beat, Македонија ја претставуваат и танчерите на Expose од Битола. Двата клуба имаат 5 пласмани на пиедесталот, но во детска категорија повеќе од заслужено ја понесоа титулата светски шампиони, оставајќи ги Италија и Србија на второто, односно третото место.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот