фото: РФМ

Македонските ракометари денеска во Хернинг ќе ги дознаат ривалите на ЕП 2026

Машката сениорска ракометна селекција на Македонија обезбеди пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска во периодот од 15 јануари до 1 февруари 2026 година.

Нашите најдобри ракометари денеска од 19.00 часот со жрепка во Хернинг, Данска, ќе ги дознаат ривалите на континенталниот шампионат.

Жрепката во живо можете да ја следите на официјалниот јутјуб-канал на Европската ракометна федерација ТУКА

Македонија е во третиот шешир заедно со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска кои не можат да ни бидат ривали во прелиминарната фаза на ЕП.

Вкупно 24 репрезентации ќе бидат поделени во шест групи од по четири репрезентации за прелиминарната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!