фото: kfsm.mk

Македонските млади кошаркари подобри од Црна Гора на тестот во Беране

Пораз па победа за македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација на гостувањето во Беране на двете пријателски средби против соодветната селекција на Црна Гора.

Многу подобро издание на македонските јуниори на втората проверка, и на крајот, како награда, стигна победата (71:66).

Домашната селекција имаше доста подобар почеток, ја реализираше првата четвртина во своја корист (20:12). Бевме подобри во вториот, анулиравме дел до негативата, но на полувремето Црна Гора имаше предност (37:34).

Пресвртот јуниорската репрезентација на Македонија го направи во третиот период од играта во кој го преземавме водството, по 30 минути игра беше 49:46 за нашата јуниорска селекција.

Во 35 минута од играта имавме уште повисоки 58:53, кои ги задржавме и во оние последни пет. Јаничиќ повторно беше прв поентер во нашата репрезентација, капитенот реализираше 18 поени, седум скокови и четири асистенции,

Ново добро издание имаше Данев, кој освен 15. поени запиша и 10 скокови, а дабл-дабл учинок реализираше и Димовски од 10 поени и 11 скокови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот