Репрезентацијата на Македонија до 17 години во Корк загуби од домашната селекција на Република Ирска/ фото: ФФМ

Македонските фудбалски надежи до 17 години ремизираа против Полска

Репрезентацијата на Македонија до 17 години одигра нерешено без голови против соодветната селекција на Полска во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза што се игра во Република Ирска.

Македонија може да жали за пропуштените шанси на овој натпревар. Во првото полувреме најдобрата шанса младите надежи ја имаа пред самиот крај кога Назифи одлично шутираше, но противничкиот голман интервенираше извонредно, и успеа да го сочува својот гол. Во продолжението од акцијата не беше досуден пенал за нашата селекција.

Во вториот дел уште две добри прилики не беа искористени од избраниците на селекторот Јакимовски. Одличен удар имаше Таири во 72. минута од средбата. Минута подоцна Назифи повторно се закани по голот на противникот, но немаше среќа да погоди.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски на 10 октомври играат против домаќинот, селекцијата на Република Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот