Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Македонските активни компании лани направиле промет од 34 милијарди евра

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2023 година во земјава имало 68.004 пазарно ориентирани деловни субјекти, активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности, кои оствариле вкупен промет од 2.078.605 милиони денари и додадена вредност од 445.041 милион денари. За ангажираните 433.008 вработени, издвоени биле 229.053 милиони денари, пренесува порталот „Пари“.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 39.1 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 25.7 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 9.1 %, Градежништво со 6.3 % и секторот Транспорт и складирање со 5.1 %.

Секторот на преработувачката индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 25.9 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 20.8 %. Значително учество имаат секторот Информации и комуникации, кој создава 9.1 % и секторот Градежништво, кој создава 8.6 % од вкупната додадена вредност.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (91.5 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата. Со ангажирани 33.4 % од вкупно вработените, тие создале 22.5 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија, со учество од само 0.2 % и со ангажирани 26.7 % од вработените, создаваат 32.4 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (13.3 %). Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 39.9 % од вработените и создадоа 45.1 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот