Марко Алексовски/фото: mtftennis.mk

Македонскиот тенисер Марко Алексовски запиша нов триумф во германскиот Дурен

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски ја постигна и втората победа на турнирот во германскиот град Дурен. Тој денеска во меч од второто коло на турнирот за играчи до 14 годии (кој е од Супер категорија) го совлада Паоло Каричио од Италија со 2:1 во сетови (4:6, 6:3, 7:5) за нешто помалку од два часа и 30 минути игра.

Алексовски успеа да направи пресврт во мечот откако противникот поведе со 1:0 во сетови, македонскиот тенисер ги доби следните два со конечни 2:1 и се избори за нов триумф.

Нашиот натпреварувач во третото коло ќе игра против Рафа Гарсија Доменех од Шпанија.

Денеска го очекува уште еден меч во конкуренција на двојки со Андрија Мартиновиќ од Босна и Херцеговина ќе играат против Итан Џејк Франс (Индонезија) и Сијун Ким (Кореја).

Алексовски е дел од тимот на ITF-Tennis Europe кој е финансиран од Grand Slam Development Fund, а е за играчи на негова возраст.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!