фото: Кајак Кану Клуб Арка-Борец ВЕЛЕС

ВИДЕО: Македонскиот кајакар Кристијан Лазаров е шампион на Европски Куп во јуниорска категорија

Почетокот на големите меѓународни натпреварувања започнаа од Македонија каде што овој викенд на кајак патеката во спортскиот рекретивен центар Матка на реката Треска со организација на првото коло од Европскиот куп во спуст на диви води во јуниорска и сениорска категорија.

Учествуваа околу 50 натпреварувачи во машка и женска конкуреција во дисциплините К1, Ц1 и Ц2 од 6 држави, Србија, Грција, Хрватска, Ирска, Босна и Херцеговина и Македонија.

Нашата држава беше преставувана од сениорската репрезентација составена од четири натпреварувачи Љубомир Спасиќ, Александар Златаров, Кристијан Лазаров и Благој Гугинов сите членови на Кајак Кану Клуб Арка-Борец ВЕЛЕС. Покрај нив настапи и Атанас Николовски, кои сите заедно успеа да се пласираат во финалното возење.

Претходно следеа квалификациските возења во кои по првото возење првите пет натпреварувачи директно се пласираа во финале, додека останатите возеа второ возење и се бореа за првите 10 позиции кои воедно водеа во финалето каде настап имаат најдобрите 15 кајакари.

Најдобро пласиран македонски натпреварувач е Кристијан Лазаров кој во јуниорска категорија заврши како првопласиран, додека во истата категорија на четвртото место се најде Благој Гугинов.

Во сениори како четвртопласиран заврши Александар Златаров, веднаш зад него на петтото место се пласираше Љубомир Спасиќ на кои им недостасуваа 0.7 односно 0.82 за освојување на медал.

Следниот викенд репрезентативците ќе настапат на второ коло од Европскиот куп во Словенија.

Сите резултати од Европскиот куп во спуст на диви води во спортскиот рекретивен центар Матка на реката Треска можете да ги погледнете на следниот линк ТУКА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот