Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Македонски државјанин најден мртов во мотел во Урошевац

Маж на 61-годишна возраст, државјанин на Република Северна Македонија, е пронајден вчера попладне мртов во мотел во областа на градот Урошевац во Косово..

Портпаролот на полицијата за регионот на Урошевац, Канун Весели, во изјава за медиумите информира дека телото на македонскиот државјанин било пронајдено во четвртокот околу 16:35 часот.

– На 15.02.2024 година, околу 16,35 часот, добивме информација дека на автопатот Урошевац-Приштина, во мотел во Урошевац, без знаци на живот е пронајден 61-годишен маж, државјанин на Северна Македонија. Неговата смрт е констатирана од страна на лекарски тим, изјави Весели.

Тој рече дека полицијата излегла на местото на настанот, додека по налог на надлежен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Приштина. Случајот се води како „истрага за смртен случај“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот