фото: mtftennis.mk

Македонската тенисерка Ѓорческа ја освои титулата во двојки во германскиот Хешинген

Нова турнирска победа во конкуренција на двојки за најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Заедно со Алена Фомина-Клоц од Русија триумфираа на фјучрс турнирот што се играше во германскиот град Хешинген.

Третите носителки на турнирот Ѓорческа и Фомина-Клоц во финалето ја совладаа грузиско-германската комбинација Екатерине Горгазде и Катарина Хобгарски со 2:0 во сетови 6:2 и 6:4 за 64 минути игра.

Во првиот сет на самиот почеток Ѓорческа и Фомина-Клоц направија брејк за водство од 1:0, а во седмиот гем го направија и вториот брејк во сетот кои го завршија со 6:2 во гемови.

Почетокот на вториот сет им припадна на Лина и Алена, кои поведоа со 3:0 со два брејка, но противничките ги вратија двата брејка до осмиот гем кога изедначија на 4:4. Но, и во следниот гем имаше брејк за Ѓорческа и Фомина-Клоц кои поведоа со 5:4, а потоа на свој сервис го завршија сетот со 6:4.

Ова за Ѓорческа беше 72 финале во конкуренција на двојки, а ја освои 47 титула или втора во 2023 година. Следната недела македонската тенисерка ќе настапува на фјучрсот во Осиек, Хрватска, што се игра за награден фонд од 25.000 долари и ќе биде прва носителка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот