Настап на Стефче Стојковски и ансамблот на народни песни и ора/Фото: Фејсбук

Македонска изворна музика на Илинден во Мариово

На големиот национален празник Илинден, на 2-ри август пред манастирот Свети Илија во мариовското село Мелница концерт ќе одржи познатиот уметник на кавал Стефче Стојковски со ансамблот на народни инструменти и песни.

Традиционално на 2-ри август во руралните средини особено онаму кадешто има цркви и манастири посветени на Свети Илија се организираат големи народни собири, тогаш се враќаат и иселениците во своите огништа, па овој пат во селото Мелница, во пасивниот мариовски крај народната веселба ќе биде збогатена со звуците од реномирани уметници.

Со звуците на кавал, гајда, тапан и тамбура од  традиционалниот македонски изворен мелос уметниците Стефче Стојковски, Перо Пењушков, Рубин Стојаноски, Теодор Стојковски Катин и Пеце Петрески ќе ја збогатат прославата по повод Илинден.

-Идејата за ваквите настапи произлезе спонтано, со цел да се облагороди една народна веселба, верско празнување, каде се собира народ што го чествува соодветниот црковен празник со македонска изворна музика, со македонски изворни инструменти, со играорци, да се возобнови една убава македонска традиција кога цели села се собирале во овие сега раселени и иселени области, вели Стојковски.

На репертоарот се песни и ора од македонскиот крај, од цела Македонија како и песни од мариовскиот крај, се во духот на фолклорот и она што Ансамблот го негува во својата дејност, додава тој.

Претходно по повод празникот на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, на 24-ти мај ансамблот настапи пред мештаните од маровското село Витолиште, а на 8-ми август на празникот Света Петка во македонските песни и ора ќе уживаат мештаните и гостите во мариовското село Бешиште. Се очекува масовна посетеност во овој исселен и пасивен дел од Македонија на автентичното верско празнување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот