ФОТО: Iсторичар Д-р Константин Голев – главен асистент на Институтот за историски студии при БАН / Принтскрин - Youtube

Македонизмот носи гласови за елитата, но нема придобивки за ЕУ, смета бугарската интелектуална елита

Македонската политичка елита наивно смета дека тангото што можат да го играат со Бугарија ќе помине и во Европа од позиција на жртва, смета дел од бугарската интелектуална фела.

Антибугарската реторика на лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски носи гласови, но тоа нема придобивки за земјата и напредокот нејзин кон ЕУ. Додека Белград сонува да влезе во ЕУ пред С. Македонија, албанските политичари во Македонија остануваат да бидат лојални на македонизмот.

Ова во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС го вели историчарот Д Константин Голев – главен асистент на Институтот за историски студии при БАН.

„Главниот проблем во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија е длабоката недоверба што македонската политичка елита ја има кон нашата земја. Ова е проектирано и всадено кај обичните граѓани. Двете главни политички партии – Социјалдемократскиот сојуз СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја користат речиси секоја прилика на оваа недоверба и сомнеж, кој достигнува до степен на психоза“, вели Д-р Голев.

Според него два фактори се важни за ваквата политика на земјава кон Бугарија а тоа се македонските политичари и српското влијание во земјава. Во Македонија традициите на југословенските тајни служби сè уште се силни а во Југославија се негуваше целата политичка елита вели тој.

„Шокантно е што кандидатот за претседател, а сега и шеф на државата на ВМРО-ДПМНЕ, која се дефинира како националистичка партија, зборува на српски јазик со Александар Вучиќ. Популистичкиот национализам во Македонија е поврзан со Србија“, нагласи д-р Голев и додаде дека транзицијата на бугарскиот регионален идентитет кон независен македонски идентитет е долг процес и има свои почетоци уште пред Втората светска војна.

Според него македонскиот идентитет процветал под капата на Социјалистичка Федеративна Република Југославија. Затоа постои овој антибугарски формат во земјава и тој развој не е природен.

„Голем дел од објаснувањето за политичката реторика на поранешниот премиер Димитар Ковачевски, на поранешниот претседател Стево Пендаровски, на СДСМ воопшто, како и на нивните противници од ВМРО-ДПМНЕ е поврзано со тоа што општеството се воспитуваше во антибугарска реторика. Бугарија е секогаш несразмерно и многу силно застапена во политичките дебати. Кога Грција ја блокираше Македонија со децении за НАТО и ЕУ, во Македонија не се разговараше толку хистерично. „Посебниот“ однос кон Бугарија веќе беше поставен со антибугарската хистерија во југословенскиот период, па дури и во меѓувоениот српски период“, објаснува историчарот.

Тој посочи дека македонската политичка елита има недоверба во Бугарија бидејќи е несигурна во идентитетот на сопствените граѓани.

„Формирањето на македонската нација не е завршен процес. Тоа не значи дека сите луѓе таму се Бугари, бидејќи тие не се чувствуваат така. Во Северна Македонија има две групи на луѓе со кои Бугарија мора многу да работи – едната е активните Бугари кои се целосно свесни за своето потекло, и една посива периферна група која има развиен македонски идентитет, но го знае своето бугарско потекло и обично негува антибугарски чувства. Овие две групи се легитимна цел на бугарската политика“, рече Констанин Голев.

Тој напомена дека македонските граѓани не треба да бидат заведени од реториката на идниот премиер Христијан Мицкоски, бидејќи после избори доаѓа време на прагматизам, а антибугарската реторика носи гласови, но не носи придобивки. Големото прашање е дали Мицкоски навистина сака да влезе во Европската Унија или, како што сака Вучиќ, да остане на периферијата на блокот за да не се збуни Брисел во клиентелистичкиот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот