Фото: Промо

„Македонијо во срце те носиме“ – приказната ќе биде заокружена на 7 декември со концерт во Скопје

„Македонијо во срце те носиме“ приказната која трае без малку две години ќе биде заокружена на 7 декември, со голем концерт во Скопје. Концертот е закажан во големата сала на Филхармонија во придружба на голем симфониски оркестар и под диригентската палка на Сашо Татарчевски.

Она што е ново, како што беше соопштено на денешната прес-конференција, е дека освен веќе добро познатите 12 преработки на патриотски песни, публиката ќе има можност на сцената да види и чуе уште три нови. Промена во однос на имињата кои беа дел од турнејата, а во чии рамки се одржаа 18 концерти ширум земјава и еден за нашинците во дијаспората, нема да има, односно трите најавени нумери ќе бидат отпеани од некои од нив.

Со оглед на тоа дека маестро Николче Мицевски, кој ги потпишува сите преработки, а овој пат ќе биде задолжен и за оркестрациите, сѐ уште вредно работи дополнително ќе бидат откриени детали околу тоа за кои нумери станува збор и кој ќе ги отпее на сцената на Филхармонија.

Фото: Промо

„Пресреќна сум што успеавме да го реализираме проектот онака како што замисливме, што на некој начин им го продолживме векот на песните и што им дадовме и свој печат и дел од нашите души“, вели Бојана Скендеровски, која во рамки на проектот ја отпеа легендарната „Заветна“.

Истомисленици со Бојана се и Миле Кузмановски, Зуица Лазова, Огнен Здравковски, Александар Тарабунов и Николче Мицевски, кои се едногласни дека изминатите две години колку што впрочем и поминаа додека караванот ја обиколуваша Македонија ќе им останат во најубави спомени.

Зад реализацијата на проектот стои Скендеровски продукција од каде откриваат дека сите средства од продажбата на влезниците ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Инаку, влезниците ќе се продаваат преку мрежата на www.kupikarta.com по цени од 1000 и 1400 ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот