
Македонија земја-партнер на меѓународниот саем за туризам во Нови Сад
По повод Светскиот ден на туризмот, 27 септември, Министерството за култура и туризам потврди дека Македонија ќе биде земја-партнер на престижниот меѓународен саем за туризам во Нови Сад, Србија.
Препорачано
Со тоа, македонскиот туристички потенцијал ќе добие централно место на манифестацијата, со посебно уреден простор и програма што ќе ја истакне земјата како водечка дестинација, истакна Горан Илиевски, претставник на Македонците во Србија и надворешен советник на Новосадскиот саем за претставување на туристичките објекти во Македонија.
Презентација на културното и духовното богатство
Според него најавено е дека посетителите ќе имаат можност да се запознаат со уникатното културно и духовно наследство на Македонија од музејските и археолошките поставки, до спомен-домовите и верските објекти што ја претставуваат историската длабочина и современата духовна енергија на земјата. Со ваква презентација, туризмот не се третира само како економска категорија, туку и како средство за културна дипломатија и градење на национален имиџ.
Во рамките на програмата ќе бидат претставени и вреднувани клучни туристички и културни проекти во Македонија, со цел дополнително да се поттикне иновацијата и развојот во секторот. Наградувањето на најуспешните практики е замислено како мотивација и за јавниот и за приватниот сектор.
Ова партнерство се гледа како ретка шанса туризмот да стане силен двигател на македонската економија. Промоцијата на земјата на меѓународна сцена се очекува да привлече нови посетители, да отвори можности за инвестиции и да го зајакне приватниот сектор кој работи во туристичката индустрија.
Фактот дека Македонија е избрана за партнер-земја на еден од најголемите туристички саеми во регионот носи силна симболика тоа е признавање на нејзиниот потенцијал како дестинација што има што да покаже и на глобалната туристичка карта – вели вели Горан Илиевски, претставник на Македонците во Србија и надворешен советник на Новосадскиот саем за претставување на туристичките објекти во Македонија.