
Македонија падна за четири места на Глобалниот индекс на мир
Меѓународниот тинк-тенк, Институтот за економија и мир, го објави овогодинешниот глобален Индекс за мир (GPI). Македонија се најде на 51-то место, што претставува пад од четири позиции во споредба со лани.
Препорачано
Во регионот најдобро рангирана е Словенија, која го зазеде 9-то место. Потоа следуваат Хрватска (19), Бугарија (29) и Црна Гора (34). Зад Македонија се Албанија (52), Грција (57), Босна и Херцеговина (59), Косово (63) и Србија (64).
Исланд повторно е прогласенa за најмирна земја во светот, задржувајќи го првото место на листата. Земјата е воедно трета најсреќна според Извештајот за светска среќа и една од најпосакуваните туристички дестинации на северната хемисфера.
На дното на листата, на 163-то место, е Русија, која првпат е означена како најмалку мирна земја во светот.
Индексот опфаќа 163 независни држави и територии и ги рангира според ниво на социјална сигурност, обем на домашни и меѓународни конфликти и степен на милитаризација.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
4мин
-
4мин
-
8мин
-
18мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5