фото: mkdmma.com

Македонија официјално го признава ММА спортот

На прес конференција одржана денеска (13 мај 2025), се најави најголемиот ММА спектакл кој ќе се одржи на 6 септември 2025. Министерството за Спорт донесе историска одлука, официјално го призна ММА спортот во Македонија. Мешаните боречки вештини (ММА) се официјално признаени како легитимен спорт во Македонија.

Со оваа одлука, Македонија станува четвртата земја во Европа што го признава ММА како официјален спорт, потврдувајќи го растечкиот успех и влијание на овој спорт на нашата територија.

Ова признание е резултат на долгорочна посветеност, страст и исклучителни успеси на македонските борци на домашната и меѓународната сцена. Особено се истакнуваат постигнувањата на клубот “Д Стронгест”, Даниела Алексовска, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, Во последниве две години, тие донесоа чест и респект за нашата земја на меѓународната ММА сцена како и безброј победи, двајца европски прваци и бронзен медал на Светското ММА првенство.

Со официјалното признавање е формирана Македонската ММА Федерација, на чие чело е Ивица Алексовски, еден од најголемите визионери на боречките спортови во земјата, со преку 30 години искуство во развојот и промоцијата на боречката сцена.

Во духот на ова ново поглавје, се најави и најголемиот ММА спектакл досега во Македонија. Настанот ќе се одржи на 6 септември, организиран од страна на Македонската ММА Федерација и промотерската организација ARMMADA, градот Скопје ќе биде домаќин на врвни борци од Македонија и целиот свет.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со претседателот на Македонската ММА Федерација, Ивица Алексовски, најавија дека како специјални гости на настанот ќе бидат поканети некои од најголемите ММА имиња денес, како што се Александар Волкановски, Александар Ракиќ и Педи Пимблетт.

Најавени беа и неколку македонски ММА борци кои ќе влезат во октагонот, меѓу кои се Горјан Славески, Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Дино Старчевич. Настанот ќе биде пренесуван во живо на каналот „Арена Фајт“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот