Фото EPA-EFE/JOEL CARRETT AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Македонија може да ја искористи актуелната ситуација со царините и да почне директно да извезува во САД, вели Димитриеска – Кочовска

Оваа состојба е сега веќе комплетно поразлична и очекувам дека ќе има надминување и на овие 10 отсто, можеби ќе стигнеме и ние да искористиме како држава, зашто јас ова го гледам и како шанса за нас зашто премиерот има многу добра комуникација со високи лица од Вашингтон – рече министерката.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочовска очекува да има средби со американските колеги за време на нејзиниот престој на редовните пролетни средби на ММФ и Светска банка во Вашингтон идната недела на кои, како што рече денеска, ќе стане збор и за царините. Но, таа уште еднаш напомена дека земјава нема некој голем негативен ефект од ваквата одлука на САД, туку повеќе е индиректно засегната, преку размената со ЕУ.

Според Димитриеска Кочовска, добрата комуникација на премиерот Христијан Мицкоски со високи лица од Вашингтон, може да биде шанса за земјава да почне директно да извезува во САД.

-Очекувам да имам средби во американското Министерство за финансии каде ќе се потрудиме да поразговараме и да видиме што можеме да направиме како директна промена, но неколку пати го зборувам истото, ние од директната размена со САД немаме некој голем негативен ефект или импликација. Кај нас, проблемите се јавуваат како резултат на размената што ја имаме со ЕУ, а ЕУ со САД. Значи, во тој дел треба да следиме што ќе се случува во ЕУ. Пред два дена се вратив од Економскиот форум во Грција каде имаше преку 400 панелисти и речиси немаше панел на кој не се дискутираше за случувањата во САД. Мислам дека и таму работите малку ќе се променат. Гледате и сами дека дојде до намалување на царинските тарифи. Десет отсто царинска тарифа е нешто што може да го прифатат и граѓаните на САД, но и во синџирот или поврзаноста секој по малку да преземе од тој трошок. Оваа состојба е сега веќе комплетно поразлична и очекувам дека ќе има надминување и на овие 10 отсто, можеби ќе стигнеме и ние да искористиме како држава, зашто јас ова го гледам и како шанса за нас зашто премиерот има многу добра комуникација со високи лица од Вашингтон. Очекувам дека ќе ја искористиме во наша полза, па што и да не почнеме директно да извезуваме во САД – порача министерката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот