Фото: Министерство за Јавна администрација, фејсбук

Македонија и Србија потпишаа Меморандум за соработка во реформата на јавната администрација

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, и министерката за јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, Јелена Жариќ Ковачевиќ, денеска потпишаа Меморандум за соработка во областа на реформата на јавната администрација денеска во Скопје, со цел унапредување и продлабочување на соработката меѓу двете земји.

Меморандумот предвидува заемно охрабрување, олеснување и вклучување во соработка, размена на експертиза во областа на реформите во јавната администрација, вклучително и развој на политики, стратегии и регулативи од областа на управувањето со човечки ресурси во јавната администрација, овозможување стручно оспособување, обука за управување со квалитет во јавната администрација, понатамошен развој на информацискиот систем за управување со човечки ресурси, воспоставување иновативни алатки во јавната администрација, како и взаемно учество и партнерство во проекти.

Фото: Министерство за Јавна администрација, фејсбук

Министерот Горан Минчев ја истакна важноста на овој меморандум, нагласувајќи дека тој претставува значаен чекор напред во регионалната соработка.

– Потпишувањето на овој меморандум претставува одраз на заедничката посветеност на модернизацијата на јавната администрација и поддршката на реформите како двигател за економски и општествен напредок. Верувам дека оваа соработка ќе ни овозможи споделување на најдобрите практики и изнаоѓање иновативни решенија за предизвиците со кои се соочуваме во јавниот сектор – посочи Минчев.

Министерката Жариќ Ковачевиќ изјави дека меморандумот е основа за зближување и зајакнување на двете администрации и се очекува истиот да овозможи побрз и поинтензивен развој на јавната администрација на двете земји.

– На овој начин, Република Србија и Република Македонија ја поттикнуваат модернизацијата и ја продлабочуваат соработката во клучните области на реформата на јавната администрација. Регионалната соработка и размената на добри практики се клучни за зајакнување на нашиот најважен ресурс, човечкиот капитал, како и за подобрување на европската интеграција – истакна Жариќ Ковачевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот