Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација/Фото: Скриншот

Македонија и Полска ќе соработуваат во дигиталната трансформација

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на учеството на 33-тото издание на Економскиот форум во Карпач, Полска се сретнал со домаќинот, потпретседателот на полската Влада и министер за дигитални прашања, Кристоф Гавковски. Како што соопштија денеска од Министерството за дигитална трансформација, двајцата министри разговарале за можностите за интензивна соработка меѓу Македонија и Полска во областа на дигиталната трансформација.

За време на средбата, министерот Гавковски го презентирал полското искуство во однос на дигитализацијата на владините услуги и во тој контекст ја нагласил импресивната трансформација на Полска, особено во врска со употребата на отворени податоци.

Министерот Андоновски се осврнал на овие постигнувања како позитивни искуства, кои Република Македонија може да ги искористи од Полска, при развојот на сопствените дигитални услуги.

– Двајцата министри разговараа и за предизвиците поврзани со задржувањето на професионалците од ИТ секторот во државната администрација, при што размениja мислења околу можни решенија за задржување на висококвалификувани кадри во јавниот сектор, што е од клучно значење за успешна дигитална трансформација, се вели во соопштението.

Во контекст на можностите за надворешно финансирање, Андоновски и Гавковски ги разгледале потенцијалните извори на финансиска поддршка, особено од Европската Унија, за поддршка на дигиталната агенда во двете земји. Вицепремиерот Гавковски ја истакнал подготвеноста на Полска да помогне во максималното искористување на меѓународните фондови во изградбата на силен дигитален систем.

– Македонија има амбиција да стане дигитален центар во регионот. Соработката со искусни партнери како Полска и приватните инвестиции во ИТ секторот, ќе ни помогнат да ги постигнеме овие цели, подобрувајќи ги услугите за граѓаните, зајакнувајќи ја економијата и градејќи подобар меѓународен имиџ на нашата земја, истакнал министерот Андоновски.

Двајцата министри се договориле да ја интензивираат соработката во областа на дигиталната трансформација во иднина, разменувајќи идеи и добри практики за модернизација на јавниот сектор. Гавковски го поканил Андоновски да биде говорник на министерскиот состанокот за дигитална дипломатија на високо ниво што ќе се одржи во мај, во рамки на полското претседателство со ЕУ.

– Беше договорена и мешовита владино-економска посета на Македонија која ќе значи отворање на македонската економија кон крупните полски инвестиции. соопштија од Министерствот за дигитална трансформација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот