Фото: Пексел

Македонија и Црна Гора заедно ќе аплицираат да бидат дел од онлајн системот за плаќање ПејПал

Македонија и Црна Гора заеднички ќе аплицираат да бидат дел од онлајн системот за плаќање ПејПал. Оваа информација ја соопшти црногорскиот министер за јавна администрација Дукај Мараш на владина седница и додаде дека претстои важна посета на Скопје поради што предложил предлог платформа за средба со македонскиот министер.

Ова е многу важна посета, се работи за склучување на меморандумот на двете министерства на Црна Гора и Северна Македонија со цел дигитализација и безбедност на информациите. Исто така, идеја е Црна Гора заедно со Северна Македонија да аплицираат за ПејПал, што беше предложено од самата компанија, рече тој.

Мараш информира дека ПејПал предложил двете земји заедно да аплицираат за да имаат поголеми шанси да станат дел од таа мрежа за онлајн плаќања, пренесуваат црногорските медиуми.

На Црна Гора во моментов и е овозможен ПејПал трансфер на пари само во една насока, односно при плаќање на стоки и услуги преку Интернет. Добивањето пари преку оваа платформа сè уште не е можно, што претставува значајна бариера за сите оние кои планираат да работат онлајн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот