Фото: КФСМ

Македонија ги дозна можните ривали во квалификациите за Светското првенство 2027

Во светските квалификации најдобрата македонска машка кошаркарска репрезентација ќе игра со Грција, Црна Гора и Португалија, или против Франција, Финска и Белгија.

Ако ја поминеме првата фаза, односно претквалификациите за Светскиот Куп, нашите најдобри кошаркари ќе играат во една од двете извлечени групи од оној главен дел од квалификациите за настап на Мундобаскетот во 2027 година кој ќе се одржи во Катар.

Вечерва во Доха, Катар, беа извлечени натпреварувачките групи преку кои ќе се одвиваат квалификациите во европската зона за пласман на Светскиот Куп. Европскиот дел од светската кошарка ќе биде претставуван со вкупно 12 национални селекции од Стариот континент на завршниот турнир. Системот за натпреварување вели дека вкупно 32. европски селекции ќе бидат поделени во осум групи.

По шест одиграни натпревари, првопласираните три продолжуваат во следната фаза, поделени во четири новоформирани групи, од каде првопласираните три обезбедуваат место на Мундобаскетот во Катар 2027 година.

Македонија е една од 12 селекции кои ќе играат во претквалификациите за место во главната квалификациска рунда за Светкиот Куп. Дел е од групата „Б“ во која се и националните тимови на Романија и Унгарија. Во периодот од 2 до 20 август, овите три селекции ќе се борат за две позиции кои обезбедуваат „премин“ во квалификациите.

Првопласираната селекција од оваа „Б“ претквалификациска група за противник во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Б“ во која се Грција, Црна Гора и Португалија. Второпласираната селекција од нашата група пак за ривали во квалификациите ќе ги има репрезентациите од групата „Г“, во која „се сместија“ Франција, Финска и Белгија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СВЕТСКИ КУП 2027 – НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Шпанија, Грузија, А група-претквалификации-победник, Д група-претквалификации-второпласиран

ГРУПА Б: Грција, Црна Гора, Б група-претквалификации-победник (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија), Португалија

ГРУПА Ц: Србија, Турција, Босна и Херцеговина, A група-претквалификации-второпласиран

ГРУПА Д: Литванија, Италија, Велика Британија, Исланд

ГРУПА Е: Германија, Израел, Кипар, Д група-претквалификации-победник

ГРУПА Ф: Летонија, Полска, Ц група-претквалификации-второпласиран, Ц група-претквалификации-победник

ГРУПА Г: Франција, Финска, Белгија, „Б“ група-претквалификации-второпласиран (МАКЕДОНИЈА, Романија, Унгарија)

ГРУПА Х: Словенија, Чешка, Шведска, Естонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот