Фото: mtftennis.mk/Игор Паневски

Македонија ja доби Молдавија и дојде на чекор од Втората дивизија во Дејвис купот

Македонската тениска репрезентација извојува значајна победа над Молдавија со 2-1 во второто коло од Дејвис куп турнирот што се игра во Скопје, и остана во игра за пласман во Втората светска дивизија.

По изедначениот биланс по сингл мечевите, решавачки беше настапот во двојки, каде Калин Ивановски и Димитар Мицов ја донесоа клучната победа над молдавската двојка Кјумак/Снитари со 2-1 во сетови.

Нашите тенисери го отворија дуелот сигурно, добивајќи го првиот сет со 6-4. Во вториот сет, драмата беше целосна – Ивановски и Мицов имаа две меч-топки при водство од 6-4 во тај-брејкот, но не успеаја да го затворат сетот, кој на крајот го загубија со 7-9.

Сепак, покажаа цврстина во клучниот трет сет. Четвртиот гем беше пресвртен момент – го освоија без загубен поен на сервисот на противникот, поведоа со брејк предност и го задржаа ритамот до крајот, триумфирајќи со 6-3.

Македонија сега има две победи (против Малта со 3-0 и Молдавија со 2-1) и еден пораз од Црна Гора со 0-3. Утрешниот дуел против Летонија ќе биде пресуден за тоа дали ќе се избориме за место во Втората светска дивизија на Дејвис купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот