Македонија до декември ќе ги исполни условите за „роаминг како дома“ со ЕУ,најави министерот за дигитална трансформација

 На претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025 (WBDS25)“ што ќе се одржува  на 1 и 2 октомври во Скопје е предвидено земјите од Западен Балкан да усвојат заедничка изјава со повик кон ЕУ да се забрза процесот „роаминг како дома“ и нула трошоци за интернет за нашите граѓани во ЕУ. Унијата пред еден месец излезе со патоказ што треба да го исполниме како држави за да пристапиме кон оваа зона, но потребна е активност и од нејзина страна. Ние нашите обврски ќе ги завршиме до декември 2025-та и очекувам наредната година први да го потпишеме договорот за роаминг со нула трошоци за македонските граѓани, рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Според него, Македонија е многу напред во однос на исполнувањето на условите.

-Главна беше измената на Законот за електронски комуникации за исполнување на клучните регулативи и директиви на ЕУ што ние веќе го направивме летово. Остануваат уште неколу подзаконски акти што треба да ги завршиме до крајот на годинава и со тоа ќе ги исполниме условите. Во напредна фаза сме, го изработивме нашиот Акциски план и мислам дека ќе бидеме први од регионот, истакна Андоновски на прес-конференција, одговорајќи на новинарски прашања.

 

Стефан Андоновски / Фото: “Слободен Печат” / Методиј Здравев

Како што објасни, во принцип, секоја држава од Западен Балкан одговара за себе.

-Минатиот пат, кога се потпишаа договорите за роаминг на Западен Балкан ги потпишаа сите држави во исто време. Овој пат, со оглед дека е во врска со ЕУ, би требало да биде секоја држава за себе. Планот на ЕУ е за сите држави од Западен Балкан. Тоа останува да го дискутираме на претстојниот „Дигиталниот самит на Западен Балкан 2025“ и се надевам дека ќе имам е конкретен одговор на ова прашање, но наша обврска е ние да бидеме подготвени до јануари, рече министерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот