
Македонија без промени на ФИФА ранг листата
Наредниот натпревар избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го имаат на 26 март против Косово за пласман на Европското првенство 2020 година.
Македонската фудбалска А репрезентација остана на 68 место на ФИФА ранкингот со 1347 поени, веднаш пред Ел Салвадор, а зад Саудиска Арабија.
Препорачано
Својот последен натпревар „црвено-жолтите“ го имаа лани во ноември против Израел (1:0), а наредниот ќе биде на 26. март против Косово, во полуфиналето од УЕФА Лигата на нации за пласман на Европското првенство 2020 година.
NEW #FIFARANKING
??? @BelRedDevils still at the summit
??? Palestine the biggest climbers— FIFA.com (@FIFAcom) February 20, 2020
Косовската селекција остана на 115 место, додека Белорусите и Грузијците, наши можни ривали во финалето на Лигата на нации, се на 87, односно 91 позиција, што е убава шанса за избраниците на селекторот Игор Ангеловски да напредуваат на ФИФА листата.
Нема промени ниту во првата „десетка“, на првото место е Белгија со 1765 поени, пред Франција (1733), Бразил (1712), следуваат редоследно Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.
Целосниот ФИФА ранкинг можете да го погледнете ТУКА
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5