„Мајкрософт“ ќе гради мегацентар за податоци во Италија, ќе чини 4,3 милијарди евра

Софтверскиот гигант „Мајкрософт“ најави инвестиција од 4,3 милијарди евра во инфраструктура за вештачка интелигенција и управување со податоци во Италија, во чии рамки ќе гради центар за податоци што ќе биде еден од најголемите на компанијата во Европа, опфаќајќи го целиот Медитеран и Северна Африка.

Центарот наречен „ItalyNorth“ ќе се гради во период од две години, се додава во соопштението на компанијата.

Претседателот на „Мајкрософт“ Бред Смит се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони. Рим изрази задоволство од инвестицијата која „ќе ја зајакне дигиталната улога на Италија во Медитеранот“, наведоа од кабинетот на премиерката.

Во понеделникот, Мелони се сретна и со шефот на американскиот фонд „Блекрок“, Лери Финк, за да разговараат за можните инвестиции во центрите за податоци и придружната енергетска инфраструктура. Се разговарало и за можни инвестиции во италијанската транспортна инфраструктура и други стратешки сектори, соопштија од кабинетот на премиерката, без да наведат детали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот