смрт ковид, починати од ковид
Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Мајка ми ја погребавме како почината од ковид-19, а сите пет тестови беа негативни

На Инфективното одделение во Штипската болница починала 55-годишната штипјанка Ругмин Хусеинова, иако имала пет негативни тестови, пренесува СДК.мк.

„Мајка ми ја погребавме како почината од ковид-19. На Инфективно три дена ја третирале како болна од коронавирус, а сите пет тестови што ги направиле биле негативни. Таа имаше малаксаност и беше поспана. Матичниот доктор ни даде упат за Инфективно, каде ѝ беше измерена телесна темпаратура од 36, 1, ама кога веќе сум ја донел рекоа дека ќе ја примат како да е заразена од коронавирус и така ќе ја третираат“, вели нејзиниот син кој се сомнева во дијагнозата.

Од Центарот за јавно здравје рекле дека белодробната пневмонија се третира како коронавирус и причината за смртта се смета како да е од ковид-19, а од Клиничката болница велат дека пациентката била во сериозна состојба каква што ја имаат болните од коронавирус.

„Пациентката имаше кашлица, масивна пневмонија и сатурација од 40 проценти што се карактеристични симпотоми за пациенти со ковид-19. Беше поставена на кислородна поддршка, дадена е антибиотска, антикоагуларна и витаминска терапија, но и покрај адкватниот третман, пацентката заврши со летален исход“, соопштиле од Клиничката болница во Штип.


Инаку, денеска истекува законскиот рок од три дена во кој директорот на штипската Клиничка болница треба да постапи по налогот на Државниот здравствен и санитарен испекторат (ДЗСИ) за утврдување на случајот со пациентката од Берово
.

На директорот му било наложено да ја свика Комисијата за квалитет на работа и да го преиспита целокупното лекување, како и постапките во однос на пациентката.

Како што соопшти вчера директорката на Инспекторатот, Иринка Сотирова Бухова, во моментот кога е извршен надзор во Болницата, е констатирано дека на Инфективното одделение биле хоспитализирани 56 пациенти за кои грижа водат два тима на доктори и медицински сестри кои работат по 12 часа. Во секоја смена биле ангажирани тројца лекари од кои еден инфектолог и двајца со сродна специјалност, додека од средномедицинскиот кадар во една смена имало четири сестри од кои најмалку две од матичното Инфективно одделение.

Болницата во Штип до утре треба да каже што е утврдено за случајот со пациентката од Берово

Случајот на 41 годишната пациентка од Берово која почина на Инфективното одделение во Клиничка болница – Штип го обелодени нејзината ќерка, објавувајќи фотографии на социјалните медиуми од мобилниот телефон на нејзината мајка кои покажуваат дека безуспешно барала помош и кислород од сестрите и од докторите.

Инспекција во штипската болница: Кои лекари и сестри дежурале ноќта кога никој не ѝ се јавувал на пациентка оставена без кислород која почина?!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот