EPA-EFE/PETER POWELL

Магична вечер на „Енфилд“, Ливерпул ја торпедира Барселона (ВИДЕО)

Ливерпул е првиот финалист во Лигата на шампионите, откако на навивачите на „Енфилд“ им приреди вистинско уживање, декласирајќи ја Барселона.

Иако натпреварот го почнаа со негатива од 0:3, фудбалерите на Ливерпул ќе играат во големото финале на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид каде ќе атакуваат на шестата титула, бидејќи пред своите гледачи креираа вистинска „магија“, невозможното успеаја да го направат реалност, ја торпедираа Барселона со 4:0.

Успехот на Ливерпул, кој втора година по ред ќе игра во финалето на ЛШ, добива на тежина бидејќи Барселона беше совладана без помошта на двајца клучни фудбалери во нападот, Мохамед Салах и Роберто Фирмињо. Згора на тоа, на полувреме се повреди и Робертсон.

Затоа замена за Фирмињо, Дивор Ориги се истакна кога беше најпотребно, постигна два гола во 7. и во 80. минута. Тренерот Јирген Клоп погоди и со втората замена, на стартот од второто полувреме го внесе Вајналдум, а овој му врати со два брзи гола, во 54. и 56. минута.

Ова е ново големо разочарување за Барселона која и минатата година испадна на идентичен начин. Прво ја совлада Рома со 3:1, а потоа во реваншот загуби со 3:0 во четвртфиналето.

Противникот на Ливерпул ќе биде познат утревечер по одигравањето на вториот натпревар помеѓу Ајакс и Тотенхем, а холандскиот тим има предност од 1:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот