Си и Мадуро / Фото EPA/LINTAO ZHANG / POOL

Мадуро повика на прва мобилизација на резервистите

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро денес ги повика граѓаните кои се приклучија на Боливарската милиција во последните две недели да одговорат на „првото активирање“ за одбрана на земјата.

„Ќе го одржиме првото активирање на сите оние кои се пријавија, целата Национална милиција и резервистите, за учество во голема организациска и мобилизациска акција на силите, за прв пат во воената историја на земјата“, рече Мадуро, според Си-ен- ен на шпански.

Мадуро рече дека целта на мобилизацијата е да се вклучат 8,2 милиони луѓе, според бројките што ги даде, и додаде дека кампањата за регрутирање сега ќе биде трајна.

„Вие, венецуелски граѓани, вие, граѓани, сакани сонародници кои ја сакате оваа земја и сте подготвени да ја браните, заради вашето семејство, заедница, историја и достоинство, сега имате постојан пристап до системот Патрија“, нагласи Мадуро.

Повикот дојде во време на зголемени тензии меѓу Венецуела и САД, откако Вашингтон во вторникот објави дека уништил наводен брод за шверц на дрога кој ја напуштил венецуелската територија и се движел низ карипските води.

Претходно, САД објавија распоредување воени бродови во Карипското Море како дел од операциите против трговијата со дрога, што Каракас го смета за закана, пренесува Танјуг.

Како одговор, властите упатија повик до граѓаните да се приклучат на Боливарската милиција. Оваа резервна формација е основана во 2005 година, под претседателот Уго Чавез, под името Генерална команда на националните резерви и национална мобилизација, а во 2009 година е преименувана во Боливарска милиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот