МААЕ запорожје EPA-EFE/DEAN CALMA/IAEA / HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

МААЕ ги осуди руските напади врз нуклаерната централа „Запорожје”

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси (Гроси) ги оцени вчерашните напади врз украинската нуклеарна централа во Запорожје како „апсолутно намерни и насочени” и додаде дека ситуацијата е „сериозна”.

-Повеќе од десет напади беа насочени директно кон разводната табла, рече Гроси во интервју за француската онлајн телевизија BFMTV.

Гроси не им ја препиша одговорноста на руските или украинските сили, туку додаде дека е неверојатно некој да ја смета нуклеарната централа за легитимна воена цел.

-Кој и да е, ова лудило треба да се престане. Луѓето кои го прават ова знаат каде удираат. Тоа е апсолутно намерно и насочено, рече првиот човек на МААЕ.

Русија и Украина вчера меѓусебно се обвинија за воздушните напади врз централата лоцирана на југот на Украина под контрола на руската армија.

-Централата е на првата линија на фронтот, а постојат воени активности што е многу тешко да се идентификуваат, рече Гроси, додавајќи дека двајца инспектори на МААЕ се на терен и ја проценуваат ситуацијата во централата.

Според него, оштетувања имало на чувствителните области.

-Не беа погодени реакторите, туку зоната каде што има и свежо и употребено гориво, рече Гроси.

Русија тврди дека е гранатирана нуклеарната централа Запорожје, Киев негира

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!