Лула да Силва/ Фото: AA/ABACA / Abaca Press / Profimedia

Лула да Силва: ЕУ треба да се откаже од протекционизмот доколку сака трговски договор со јужноамериканскиот блок Меркосур

Европска Унија треба да се откаже од протекционизмот доколку сака трговски договор со јужноамериканскиот блок Меркосур, најави денеска претседателот на Бразил, Лула да Силва на прес-конференција во Рим.

„Дополнителното писмо што ЕУ го испрати до Меркосур е неприфатливо, бидејќи тие ја казнуваат секоја земја што не е во согласност со Парискиот договор за климатски промени, а не го почитуваат ниту тој договор“, посочи Да Силва.

Тој додаде дека ЕУ мора да биде „поскромна“ и да покаже „поголема чувствителност“.

ЕУ и блокот Меркосур – Аргентина, Бразил, Парагвај и Уругвај, ги завршија преговорите во 2019 година, но договорот беше во мирување поради загриженоста за уништувањето на шумите во Амазон и посветеноста на Бразил на акција за климатските промени.

Да Силва следно ќе отпатува за Франција и се очекува да се сретне со претседателот Емануел Макрон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!