Александар Лукашенко / Фото ЕПА

Лукашенко: Русија е подготвена да ги исполни договорите за Украина

Русија е подготвена да ги исполни договорите со Соединетите Американски Држави за решавање на конфликтот во Украина, изјави денес белорускиот претседател Александар Лукашенко, примајќи го извештајот на постојаниот претставник на земјата во ОН, Валентин Рибаков, пренесува БелТа.

„Она што го кажаа Американците, Русите, апсолутно сум сигурен, се подготвени да го прифатат. Неколку пати разговарав за ова со рускиот претседател Владимир Путин. Прашањето е на Европејците и (украинскиот претседател Володимир) Зеленски“, рече Лукашенко.

Според белорускиот лидер, Украина никогаш нема да може да „ја добие војната“.

Минатата недела, по посетата на Кина, Путин рече дека ако Зеленски е подготвен за состанок, треба да дојде во Москва.

Тој го нарече украинскиот лидер „вршител на должноста шеф на администрацијата“ на Украина, истакнувајќи дека овластувањата на Зеленски како претседател се истечени.

Во интервју за ABC News, Зеленски рече дека е „подготвен за состанок во кој било формат“, но изјави дека „не може да дојде во руската престолнина“, според руската агенција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот