Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Лукашенко: Би му ги отворил очите на Трамп, особено за конфликот во Украина

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека средбата со Доналд Трамп би била „исклучително корисна“ за американскиот лидер, бидејќи, како што вели тој, би му ги „отворила очите“ за клучните глобални прашања, првенствено за односите меѓу САД и Русија и ситуацијата во Украина, пренесува Ореанда.

„За разлика од сите што трчаат околу него, јас би му ги отворил очите за многу работи. Вклучувајќи ги односите меѓу САД и Русија, особено за конфликтот во Украина. И, секако, за позицијата на Белорусија“, рече Лукашенко во интервју за Time, чие снимање го објави агенцијата БелТА.

Белорускиот претседател откри и дека се пошегувал на средбата со американските претставници дека „на Американците им недостасува диктатор“. „Ми одговорија дека имаат доволно свои. Реков дека размислувам за себе – би имал многу да му кажам на нивниот претседател“, додаде Лукашенко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот