Фото: Bayern Munich/X

Луиз Дијаз стана трет најскап фудбалер во историјта на Баерн Минхен

Колумбискиот репрезентативец Луис Дијаз од денеска и официјално е нов фудбалер на Баерн Минхен. Дијаз стави потпис на четиригодишен договор со германскиот гигант, со што завршија и шпекулациите околу неговата иднина, кои го поврзуваа и со трансфер во Барселона.

Баерн ќе плати 75 милиони евра за неговите услуги, сума што вклучува и бонуси, со што Дијаз станува трет најскап играч во историјата на клубот, веднаш зад Хари Кејн и Лукас Ернандез. Според германските медиуми, годишната плата на Дијаз ќе изнесува околу 14 милиони евра, драстично повеќе од сумата што ја добиваше во Ливерпул. Иако беше еден од клучните играчи во тимот на Aрне Слот, крилниот офанзивец беше меѓу најслабо платените во тимот, што најверојатно одигра клучна улога во неговата одлука за заминување од „Енфилд“.

Дијаз мина речиси четири сезони во Ливерпул, каде пристигна од Порто во јануари 2022 година. Во „црвениот“ дрес одигра 3,5 години, постигнувајќи 41 гол и запишувајќи 23 асистенции. Со Ливерпул освои пет трофеи – двапати го крена трофејот во Лига купот, а по еднаш се закити со титулите во Премиер лигата, ФА Купот и англискиот Суперкуп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!